Што ве очекува на InTech Meetup #6?

InTech Meetup #6, кој ќе се одржи на 9 април во Public Room на тема “Machine Learning: An Artificial Intelligence Approach”, овојпат доаѓа збогатен со многу новини. Покрај тоа што ќе имате можност да слушнете од врвни говорници - експерти за вештачка интелигенција, ќе имате можност да бидете дел и од панел дискусијата или дел од работилницата за Amazon SageMaker. Местата за работилницата се ограничени, затоа побрзајте!

На InTech Meetup #6 ќе имате можност да ги слушнете

speaker intech julien simon

Julien Simon

Global Technical Evangelist, AI and Machine Learning

Amazon Web Services

Julien e експерт за вештачка интелигенција во AWS. Пред да се приклучи на AWS, Julien работел 10 години како CTO/VP Engineering во врвни стартапи, каде што водел големи тимови задолжени за илјадници сервери низ целиот свет. Низ своето долгогодишно искуство успеал да ги сфати ограничувањата на физичката инфраструктура, а притоа да ги согледа предностите на cloud computing.

speaker intech filip vitek

Filip Vitek

Data Science Director

TeamViewer

Filip е експерт за анализа на податоци со 15 годишно искуство во различни индустрии, иноватор, блогер и спикер на многу светски настани. Од 2017 година тој е Data Science Director во TeamViewer, една од водечките германските компании, каде што неговиот тим го анализира однесувањето на повеќе од 1,7 милијарди корисници од 252 земји. Filip е фасциниран од истражување и моделирање на човековото однесување и е експерт во повеќе области како што се Big Data, Machine Learning, Data mining, Client segmentation, Direct marketing, Blue Ocean Strategy и сл.

speaker intech igor trajkovski time.mk

Игор Трајковски

Machine Learning Researcher and Founder of Time.mk news aggregator

Time.mk

Игор Трајковски, основач на Time.mk, е долгогодишен истражувач и екперт во многу области како Machine Learning/ Deep Learning, Natural Language Processing, News Aggregation. Низ неговата богата кариера има работено како асистент на Универзитетот во Штутгарт, професор на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј" во Скопје, како и софтверски инжeнер во реномирани компании како T-Mobile и Google.

speaker intech marija todosova

Марија Тодосовска

Data Scientist

Netcetera

Марија е Data Scientist во Netcetera. За време на нејзините студии и стажирање работела на повеќе независни проекти за вештачка интелигенција. Низ текот на своето работење се стекнала со искуство во следните области: Natural Language Processing, Data Mining, Computer Vision, Robotics and (Social) Network Analysis. Дипломирала на Факултетот за компјутерски науки и инженерство при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј" во Скопје во 2018 година. Нејзиниот дипломски труд бил насочен кон детекција на навредлив јазик во коментари на интернет користејќи техники на машинско учење.

Што е InTech Meetup?

InTech Meetup е настан кој има за цел да поттикне размена на знаења за нови технологии и вмрежување на луѓето од IT заедницата во Македонија. Од декември 2016 година па до сега се одржани пет успешни InTech Meetup настани со истакнати домашни и интернационални говорници на различни актуелни теми како микросервиси, новитети во технологијата и гејмингот, прославување на 20 годишнина од Open Source Software.

Зад InTech Meetup може да стои секоја организација, компанија или поединец кој се сложува со целите на настанот. Доколку сакате да го поддржите настанот со спонзорство или држење говор, пријавете се на intech@inplayer.com.

Спонзори

logo cognism sponsor logo anhoch sponsor logo sms construction sponsor logo sybo

Како изгледаа минатите митапи?

InTech#1

Запознавање со Micro services and Message Queue

InTech #2

Запознавање со Artificial Intelligence and Machine Learning

InTech #3

New Technologies and Gaming

InTech #4

InTech meets Massive Interactive

InTech #5

Celebrating 20 years of Open Source

InTech #6

The story continues

Ти благодариме за интересот!

За жал сите места се резервирани за настанот на 9ти април.

Медиа поддржувачи

logo radio mof sponsor logo smart portal sponsor logo it mk sponsor logo masit sponsor logo brainster sponsor logo reborn sponsor